Без разлика дали ги сакате или не, доматите се здрави и треба да ги јадете што почесто.




Доматите содржат вистинска ризница на витамини А и Ц, витамин Б3 и Б6, а исто така се богати со магнезиум кој ги движи нашите мускули, хлорот и сулфурот им помагаат на црниот дроб и бубрезите да работат подобро, што е клучно во процесот на детоксикација на телото.




Секоја домаќинка има свој рецепт, а ние ви го даваме начинот на подготовка на мелени домати кои ќе траат и до две години.
Состојки:
- 10 кг домати
- 5 лажици сол
- Кесичка Винобран
- 2 китки листови магдонос




Подготовка:




Измијте ги доматите, исчистете го делот околу стеблата, а потоа плодовите исечкајте ги на крупни парчиња и сомелете ги во мелница за месо. При мелење користете најгрубо сито, за доматите да не се претворат во сок.




Во поголемо тенџере истурете ги мелените домати, посолете, винобранот и листовите магдонос што сте ги исецкале претходно. Сè добро измешајте со голема дрвена мешалка и оставете да отстои најмалку два часа.




Доматите уште еднаш добро измешајте ги, па истурете ги во тегли или стаклени шишиња со широк отвор, затворете херметички и чувајте ги на ладно место.




Ако сакате пикантен вкус, сомелете неколку лути пиперки заедно со доматите.











