Ако сакате да засадите рози оваа пролет, направете го тоа сега и направете го тоа со компири




Розите и компирите се веројатно две работи кои никогаш не би ги поврзале, но кога станува збор за градинарството – овие две совршено се надополнуваат. Имено, старите градинари користат компири за успешно да пресадат рози од сечи, т.е. гранчиња.




Минатата недела ве запознавме со градинарството кое не вклучува мотика и ѓубрење на градината , а денес ве запознаваме со иновативното садење рози.




Еве што треба да направите:
Прв чекор : Земете голем компир и направете дупка во него. Тоа може да се направи со бормашина, но и со нож.
Втор чекор : залепете едно стебло исечено од грмушката од роза во таа дупка.




Трет чекор : Половично наполнете го садот со земја, ставете ги компирите со розата и наполнете го садот до крај.
Четврти чекор : Исечете ги пластичните шишиња и ставете ги на розата за да има соодветна заштита од негативни надворешни влијанија во првите неколку недели.




Не заборавајте да ги полевате розите од време на време и штом ќе дојдат топлите денови извадете го шишето за да може розата непречено да расте и да цвета.











