




РАКИЈАТА е незаменлива во домовите кога температурата паѓа под нулата.
Нашиот народ се колне во варена ракија како лек против грип, лек за подобра циркулација но и за опуштање.




Ако страдате од болки во грлото и кашлица, течење на носот , а понекогаш и температура и треска, тогаш лекот за вашите тегоби се крие во Ракијата.




Потребно е: 4 лажици шеќер, 250 мл мека ракија (10 до 12 степени), 100 мл вода.
Подготовка: Во метална тава или бокал ставете го шеќерот да се карамелизира, кога ќе го постигнете тоа тргнете го од шпорет и веднаш додајте ја ракијата и водата. Вратете на шпорет да зоврие и шеќерот да се раствори.




Послужете топло и исклучиво во друштво на добри пријатели бидејќи овој чај може да ве натера да ги кажете сите ваши тајни.




Наместо шеќер, можете да додадете мед, што е уште подобра и поздрава опција.




Медот е најдобриот природен антибиотик кој го смирува воспаленото грло и делува против бактериите и вирусите бидејќи е полн со антиоксиданси. Добро е превентивно да го внесувате во зимските пијалоци, но внимавајте да не ставате мед во врела течност, бидејќи тоа ја намалува неговата ефикасност.
Статиите на нашиот портал служат ИСКЛУЧИВО ЗА ВАШЕ ИНФОРМИРАЊЕ, за било каков здравствен проблем ЗАДОЛЖИТЕЛНО ДА СЕ КОНСУЛТИРАТЕ СО ДОКТОР!











