Најлесен рецепт за крофни – нема шанси да пропаднат!

Потребни сосотојки:

  • 180 мл јогурт
  • 1 јајце
  • 350-400 грама брашно
  • кора од лимон
  • малку сол
  • 1/2 прашок за пециво
  • Масло
  • 1 лажица путер или маргарин

Подготовка:

Искршете го јајцето во сад и изматете го, додадете јогурт, брашно и прашок за пециво, посолете и сè замесете помеко тесто. Покријте 20 минути, а потоа расукајте 1 см. во правоаголник.

Advertisement

Премачкајте со путер и виткајте во ролат и добро соберете ги рабовите. Исечете тенки кифлички со остар нож. Се остава да отстои 15 минути и се пржи на длабоко масло. По желба посипете шеќер во прав и ванилин шеќер.

Погледнете го видеото!

Advertisement