Сакате нешто вкусно, домашно, меко и миризливо, а немате многу време за готвење? Оваа брза турска бурек-пита со сирење е вистинскиот избор.

Турската кујна е позната по своите пити и буреци, а овој рецепт е доказ дека за вкусно и заситувачко јадење не ви требаат многу состојки ниту долго време во кујна.

Питата освојува со крцкава кора и богат фил од сирење и млеко, а по желба можете да додадете и малку магдонос или спанаќ за уште поубав вкус. Подготовката е многу лесна бидејќи нема редење кори, па успева и на почетници.

Состојки:

Advertisement
  • 1 шолја млеко
  • 2 шолји ситно сирење или фета сирење
  • 3 жолчки
  • 3 кори за пита
  • 4 лажици путер
  • по желба: ситно сечкан магдонос или спанаќ
  • по желба: сусам или други семки

Подготовка:

  1. Во сад изматете две жолчки, додадете го млекото и претходно растопениот путер. Мешајте додека не добиете мазна смеса, а потоа додадете го сирењето.
  2. Ако сакате побогат вкус, додадете ситно сечкан магдонос или спанаќ. Посолете по вкус, но внимавајте бидејќи сирењето може да биде доволно солено.
  3. Две кори за пита искинете ги на помали парчиња и додајте ги во филот. Нежно промешајте за корите убаво да ја впијат смесата.
  4. Смесата префрлете ја во плех обложен со хартија за печење или подмачкан со масло. Одозгора ставете уште една кора и премачкајте ја со една изматена жолчка за да добие убава златна боја при печењето.
  5. По желба наросете сусам и печете во загреана рерна на 200 степени додека питата не стане златно-кафеава и крцкава.
Advertisement