Никогаш не сонувале дека ова ќе им се случи:
Семејството од Њу Џерси замина на десетдневен одмор надвор од градот, а кога се вратија дома – имаа што да видат.




Кога сопругот и сопругата ја отвориле вратата од домот, биле шокирани од чистотата и прекрасните мириси кои се ширеле низ собите. Ништо не им беше јасно.




Кога отишле кај сопственикот на сите станови, тој им рекол дека не е свесен дека некој доаѓа во нивната куќа. Сепак, по мала истрага, тие откриле дека чуварот бил во нивниот стан, иако тој немал клуч.




Чуварот на куќата, Луис Анџелино, им го исчисти целиот стан затоа што ги мешаше адресите, односно становите во зградата.




Кога дошол кај ова семејство, видел дека нема клуч, па се наведнал и пронашол еден под вратата.
Два часа подоцна, целиот стан беше целосно чист и „освежен“.











