Првиот танц на свадба е важен обичај насекаде во светот. Младенците за овој танц избираат песна која на некој начин ја одбележала нивната љубов и засекогаш им го насочила животот кон вечното единство.

Една од таквите песни која оставила свој белег на безброј љубови ширум светот е песната на Леонард Коен „Dance me till the end of love“, но сепак малкумина го знаат трагичното и темно минато кое се крие зад оваа песна.

Имено, многумина мислеа дека оваа песна е посветена на најголемата љубов на поетот, Норвежанката Мериен, на која и посвети многу други хитови, а со која никогаш не остварил поголема љубов.

Сепак, Коен ја посветил оваа песна на историјата на неговото семејство и на страдањата низ кои поминал неговиот народ. Коен е роден и израснат во угледно еврејско семејство и бил исклучително религиозен, што се одразувало во неговата музика и изведби. Поетот бил многу повреден од сознанието дека свиреле гудачки квартети додека други умирале.

Advertisement

– Интересно е како потеклото на секоја песна води до зрното, до семето што некој ти го дава или што ти го дава светот, а тоа го прави мистичен процесот на пишување песна. Меѓутоа, таа песна е создадена откако слушнав, прочитав или дознав дека гудачките квартети биле принудени да свират покрај крематориумот во логорите на смртта.

Свиреле додека се случувал хоророт, а судбината на тие луѓе бил истиот хорор. Свиреле класична музика додека нивните сопатници, затвореници биле убиени и запалени. За убавината на постоењето и неговиот крај говори тој стих „Играј со мене до убавината твоја, на звукот на вжештена виолина“ – раскажал во една прилика поетот.

Advertisement