Баклавата е едно од омилените слатки на нашите простори, а иако во последно време се појавија многу нови начини на нејзино правење, а на неа се додадени чоколадо, плазма, афион и друго, ние ви пренесуваме вистински традиционален рецепт кој се покажа како феноменален!

А неговата тајна е оваа – колку подолго стои, толку е поубава, вкусна и сочна!

Неопходно е:

  • 1 кг тенки кори
  • 500 гр ореви
  • 250 гр презла
  • 1 кг шеќер
  • половина литар масло
  • малку кисела вода
    Подготовка:

Секоја кора попрскајте ја со масло што сте ја измешале со кисела вода (во една шолја, малку масло и малку вода). Врз третата кора посипете ситно мелени ореви и презла.

Advertisement

Се редат во плех додека не се потроши целиот материјал. Одозгора треба да остане кората. Баклавата исечкајте ја на коцки или триаголници, па ставете ја да се пече. Кога е готово, извадете го по околу еден час и оставете го да се излади.

Прелив:

Во половина литар вода сварете 1 кг шеќер. Неопходно е да се вари половина од водата. Можете да додадете и малку лимон по вкус.

Испечената изладена баклава прелијте ја со врел прелив и оставете да се излади и добро да се впие пред да ја послужите.

Advertisement