Ако го совладавте правењето баклава по стар рецепт од срцето на Босна, време е да го научите овој едноставен рецепт:




Состојки:
-
- 1 литар вода
- 700 гр шеќер




-
- Состојки за тестото:
- 400мл вода
- 150мл масло
- 1 лажичка сол
- 400гр брашно




- 1 лажичка прашок за пециво
- 5 јајца
Подготовка: Во тенџере прво ставете вода и шеќер и оставете да зоврие. Кога ќе зоврие тргнете го од шпорет да се излади.




Во длабока тава ставете 400 мл вода и 150 мл масло и една кафена лажичка сол. Сварете ја таа вода. Во посебен сад измешајте ги сувите состојки како брашното и прашокот за пециво. Во зовриената вода се додава брашното и се меша додека се згусне. Оставете да се излади.
Advertisement




Во изладеното тесто додадете ги јајцата и убаво измешајте. Наполнете го калапот за тулумба и пропржете ги на масло. Потоа ставете ги во агда добро да киснат, па послужете ги изладени, пишува домашната готвачка.
Advertisement











