Воздвижение на Чесниот Крст Крстовден кој во народните верувања се нарекува Крстовден е значаен христијански празник од есенскиот циклус, еден од 12-те големи празници, којшто е непроменлив празник и секогаш се паѓа на 14 септември, односно на 27 септември по стариот календар. Крстовден е празник на пост и покајание.

На Крстовден се прави аџилак пред Светиот крст. По страдањата и распнувањето на Спасителот крстот станува жртвен знак на спасението и откуп на гревот. Крстот отелотворува жртвенa љубов, победата над злото, припадноста кон христијанството.

Во чест на овие два настана: наоѓањето на Чесниот Крст и неговото враќање од заробеништво се празнува празникот Воздвижение на Чесниот Крст. По првиот настан празникот се празнувал локално, а по вториот добил општохристијанска димензија. За подостоинствено празнување на празникот, но и за оддавање признание на светиот крст, како и за сочувствување со страдањата на Исус Христос Светата црква го одредила овој ден како тежок празник и како строг пост.

Според народните верувања од Крстовден започнува есента. Овој ден се празнува во чест на наоѓањето на крстот врз кој бил распнат Исус Христос, наречен Чесен Крст, и во чест на неговото враќање од Персија во Ерусалим. Поради неговата чудотворна моќ крстот е наречен и животворен крст. На овој ден верните се потсетуваат на распнатиот Богочовек, на Крстот достоен за безусловна верност, и на неизбежното спасение кое доаѓа преку Христовото Распетие и сораспнувањето со Него. За време на празникот, Крстот е положен во центарот на Храмот, окружен со цвеќа и гранчиња босилек.

Advertisement

Македонскиот народ го празнува Крстовден како тежок празник. Тогаш не се работи и се пости „за крст“. Во Радовиш во црквата попот раздавал китки кои се чувале за здравје и за лек од уроци. Во Гевгелиско спроти овој ден свештеникот одел по куќите и светел вода, а жените земале од котлето вода за замесување на квасец. Свештеникот читал молитви за богат род и ги пеел семињата за новата сеидба, а тоа го правел и на самиот ден на Крстовден.

Во записите на Христо Шалдев за Гуменџе се вели дека тука гроздоберот секогаш станувал околу Крстовден. Во Дебарца Крстовден се смета за тежок празник и се држи како тежок пост. На овој ден не се јаде ништо мрсно дури ни растително масло. Вечерта спроти Крстовден од полето се носи грав, пченка, компири, лубеници, грозје и др. Утрото се оди во црквата каде што се раздава за здравје.

На Крстовден највозрасните жени во домот е потребно да испечат специјален обреден леб, украсен со голем крст на средината. Лебот се раздава, кога целото семејство е на масата и се вели Крстец крст да боли мене, крст да не боли. Се смета дека со овие зборови луѓето се штитат од болки во грбот за време на работа.

На овој тежок празник почитува и строг пост – а според обичаите не треба да се јаде ништо црвено како пиперки, домати, ротквици, црвени јаболка и друго. На трпезата освен обреден леб задолжително треба да присуствува печена тиква и грозје. Во народните верувања се вели дека сите молитви ќе бидат слушнати на овој ден.

Се верува дека во ноќта спроти Крстовден, Господ слегува на земјата и ја исполнува секоја посакана желба. Ова верување има најголема сила во месноста крстови Гора, каде легендите раскажуваат дека е закопан Христовиот крст.

Advertisement