Православните верници утре ја слават една од најважните светици, Света Петка (во соседите позната и како Параскева).

Вообичаено е дека на тој ден се оди во црква каде покрај иконата на Света Петка се зема чудотворна вода за која се верува дека лекува многу болести, а посебно проблеми со видот.

Иако Света Петка во календарите на сите православни цркви е запишана со црвени букви, не е строг пост.

Според народните верување на денешен ден не е убаво да се меси леб, да се перат алишта и прават други физички работи за кои се користат алишта.

Advertisement

Овој обичај првенствено е востановен поради тоа што Света Петка првенствено се смета за заштитничка на жените, а потоа и на болните. Поради тоа црквата и дозволила во народот да се вреже ова верување како жените првично би имале слободен ден од тешките работи кои некогаш ги извршувале, како во домот така и на поле.

Обичај е и жените шест дена пред Света Петка да постат, а потоа седмиот ден да се причестат и да јадат мрсно.

Постојат историчари на верата кои тврдат дека на Света Петка во нашиот народ се пропишани многу својства на старословенската богиња Мокош, која исто така лекувала болни и имала заштитнички однос кон жените.

Advertisement