Кога сте настинати и грип и разни стрептолети и рецепти од аптека не помагаат, обратете се кон природата и направете еден од овие три домашни напитоци кои ќе ве вратат во живот.
Есента пристигна и по топлите денови го чекаме студот , а со тоа и досадниот грип .
Храната која уште од античко време се користела за лекување на настинки и грип ги издржала тестовите на скептичните научници. Сега со сигурност се знае, а тоа го потврдија и изразите, дека од кревет стануваат лук, бибер и лут рен .
Ренот зазема посебно место меѓу природните лекови против грип бидејќи лековитите состојки од корените на ова растение го разредуваат и го движат секретот од белите дробови и на тој начин го олеснуваат дишењето и кашлањето.
А лимонот докажано помага бидејќи делува како антибиотик. Пчелните производи исто така се сметаат за врвни антиоксиданти и имаат антибактериски и антиинфламаторни својства . При првите знаци на топлина се препорачува да се земе парче саќе и да се џвака 10-15 минути на секои три часа, а мед да се зема секое утро.
Кога станува збор за зачините, циметот е неоспорен во борбата против вирусите, особено во комбинација со мед . А за да останете здрави ќе ви треба и ѓумбир кој делува антисептично, а доколку го користите како додаток на чаеви и топли напитоци ја смирува кашлицата.
Затоа, кога грлото ви се чеша, а носот ви тече, посегнете по еден од овие 3 женски рецепти против грип:
Ароматичен сируп
Во тегла изрендајте го претходно исчистениот корен од ѓумбир, исцедете два лимони и сè прелијте со 300 грама мед. Добро протресете, чувајте го во фрижидер и земајте по една лажица три пати на ден.
Оваа вкусна комбинација помага и при настинка и при инфекции на синусите.
Познат руски пијалок
Овој еликсир, кој со векови се користи во Русија, помага и во борбата против вирусите и во лекувањето на болки во грлото.
Во чаша топла вода ставете една лажица рендан свеж рен, една лажичка мед и една лажичка рендано каранфилче. Испијте го полека со постојано мешање бидејќи рен ќе падне на дното. Од овој пијалок треба да пиете најмалку три чаши дневно.
Романски еликсир
Овој древен еликсир е направен од лимон, мед, црвено вино, мелен цимет, морско оревче и каранфилче. Во два литра ладна вода ставете 4 ситно исечкани лимони без кора и 4 лажици мед, поклопете и оставете да се вари 20 минути. Потоа додадете една лажица мелен цимет, исто толку морско оревче, половина кафена лажичка мелено каранфилче и 2 децилитри црвено вино. Покријте и оставете да се вари уште 5 минути.
Оваа количина на пијалок треба да се испие во рок од 24 часа, со тоа што секој пат треба да ја филтрирате и загревате само количината што ќе ја испиете во тој час.