Ќе откриете разни корисни совети, многу евтини и изненадувачки, доколку крстарите низ социјалните мрежи. На интернет има огромен број страници каде мајките и домаќинките ги споделуваат своите докажани трикови, како најдобро да се исчистат решетките од рерната, да се мијат душеците од мемори пена и слично, а една од последните ги воодушеви корисниците на Фејсбук.




Домаќинката Софи Дароу сподели со своите пријатели на оваа мрежа неверојатен трик за чистење на мијалникот, садовите, но и металните ногарки на столици и маси.




Таа на мрежите сподели фотографија пред и после миење, а резултатот е неверојатен. Се што ви треба се три состојки: вода, детергент и алуминиумска фолија, пренесува Mondo.




“Топла вода, малку течност за миење садови и алуминиумска фолија. Искинете еден дел, стуткајте го и исчистете го. Отстранува се без гребење”, вели оваа домаќинка.




Бонусот е што лесно можете да ја обликувате фолијата така што ќе стигне до деловите кои се најтешко достапни. Нејзиниот совет на мрежите наиде на ентузијазам, а набрзо се огласија оние кои веднаш го испробаа овој неверојатен трик.




„Јас го пробав, одлично е и за ‘рѓа и за дното на садовите за печење“, напишал еден нетизен, додека друг додал дека го практикува овој трик кога ја мие скарата по печењето и дека одлично „работи“!











