Драматична снимка покажува две големи ајкули во многу плитки води веднаш до плажа во Флорида
Луѓето на плажа во Флорида направија неверојатни снимки! На нив се прикажани две големи ајкули кои пливаат многу блиску до брегот.




На источниот брег на Соединетите Американски Држави се забележани повеќе активности на ајкули ова лето, а последен пат беа видени во плитки води на југоистокот на државата. Видеото на мрежите го сподели Кара Скониечни.




Таа ја сними ситуацијата на камера во саботата попладне на плажата Нептун во Џексонвил, пренесува Фокс њуз. Иако не беше доволно јасно за да се утврди каква ајкула е на видеото и колку е опасна, може да се слушне како едно лице им вика на другите луѓе „Излези од вода!“




Истиот ден, пливач бил каснат од ајкула во Џексонвил, Флорида. Во интервју за ВЈКСТ-ТВ, очевидци рекоа дека во близина на брегот може да се види сенка од 2 метри како плива и дека во водата има големо количество крв. Официјалните лица одбија да потврдат дали она што го виделе луѓето е ајкула.




Некои плажи долж источниот брег се затворени во текот на летото поради ајкули. Почисти океани и потопли води се објаснувањето на експертите за зголемената активност на ајкулите оваа година, но велат дека ризикот од напади на ајкули останува низок.











