Секоја домаќинка има свој рецепт за домашна супа, а рецептот подолу е погоден доколку ја правите за прв пат.




Порано ниту еден семеен ручек во поранешна Југославија не можеше да се замисли без супа, затоа секоја домаќинка во својот тефтер имаше рецепт за ова традиционално јадење на лажица.
Домашната супа го оживува телото, обезбедува хранливи материи за нашето тело и лечи многу болести.




Состојки :
- Пилешко
- Морков, магдонос, пашканат, целер
- 1 жолчка од јајце
- Кисела павлака
- Сок од лимон
- сув билен зачин, бибер
Подготовка:








Во тенџере сварете го зеленчукот и пилешкото. Кога месото ќе се свари, извадете го од супата (но не истурајте ја водата) и одделете го месото од коските, извадете ја кората и потоа исечкајте го на ситни коцки. Извадете го зеленчукот од супата и исечкајте го што е можно поситно. Во бистрата супа вратете ги сечканото месо и зеленчукот. Зачинете со многу зачини, бибер и додадете малку павлака, жолчки и сок од лимон.




Се динста уште малку и супата е готова. НАЗДРАВИЕ!











