Во текот на 4-та недела од 2023 година (23-29.01.2023), во Република Северна Македонија се пријавени 874 (I=47,6/100.000) случаи на групни пријави за заболени од грип/ заболувања слични на грип, за 23,0% помалку во споредба со претходната недела (n=1.135).

Бројот на пријавени лица оваа недела споредено со 4-та недела од минатата сезона (n=253) е зголемен 3,5 пати, а во споредба со бројот за 4-та недела од типичната епидемиска крива (моделирана од последните 12 сезони) (n=1.826), намален е за 52,1%

Во текот на 4-та извештајна недела, во вирусолошката лабораторија на ИЈЗ РСМ, пристигнаа 226 материјали од рутинскиот надзор за лабораториско тестирање, паралелно тестирани за грип и КОВИД-19.

Притоа, детектирани се 14 (6,2%) позитивни случаи, од кои 8 се Influenza A/H1pdm, 5 случаи Influenza А/Н3 и еден Influenza B (Графикон 3). Пријавената инциденца е над неделната граница на сезонската активност на вирусот на грип (I=30,91/100.000), четврта недела со ред, односно надминат е прагот на епидемиолошки влез во сезоната на грип.

Advertisement

Во однос на возрасната дистрибуција, 525 лица се на возраст од 15-64 години, 131 кај лица на возраст над 65 години, 110 се регистрирани кај деца на возраст од 5-14 години и 108 кај деца на возраст од 0-4 години. Највисока инциденца (111,9/100.000) се регистрира кај децата на возраст од 0- 4 години.

Заболените се пријавени од 27 ЦЈЗ/ПЕ, во Струмица – 197, а во останатите, бројот на пријавени е помал од 100. Во 7 извештајни единици кои пријавија случаи во текот на оваа недела се регистрира многу ниска, во
15 – сезонска и во 5 – средна активност на вирусот на грип

Advertisement