На ниту една домаќинка не и е лесно кога ќе загори тавата.
Треба да се исчисти, но како? Можеби сте под стрес, лути или нервозни, па побрзо ќе се исчистите, но верувајте кога сте мирни, тоа е долг процес.
Се шегувам, се разбира, пробајте ги овие три методи кои ќе го доведат вашето тенџере или тавче до совршенство.
ПРВО: Ставете на дното на тавата сода бикарбона и прелијте ја со топла вода. Оставете да се излади, а потоа измијте како и обично со детергент и топла вода.
ПОТОА: Истурете малку вода и алкохолен оцет во тавата, оставете да се вари на тивок оган минута или две, а потоа додадете неколку лажици сода бикарбона. Внимавај! Смесата наеднаш ќе се пени. Кога ќе се олади, измијте ја тавата.
НА КРАЈ: Попрскајте го дното на тавата со средство за чистење рерна, оставете да делува, а потоа измијте ја тавата како и обично.
Обидете се и на овој начин:
Истурете две до три лажички прашок за перење или дури и коцка за машина за миење садови во водата.
Оставете го да врие и наскоро ќе можете целосно да ги отстраните изгорените остатоци со малку чистење на жица.











