Иако не се смета за најздрава, конзервираната храна понекогаш е добра затоа што е лесна за носење, заштедува време при подготвување оброци или дури може да биде комплетен оброк.




Конзервирањето ја одржува храната свежа и за јадење, особено онаа која е склона кон развој на разни патогени, а во процесот на конзервирање на храната поминуваат и низ процес на стерилизација. Секако, не сите конзервирана храна се лоши.




Нутриционистот д-р Џес Кординг вели дека, според експертите, најздрава конзервирана храна е сардината, но и другата конзервирана риба која е достапен извор на протеини, но и одржлива и не бара долга подготовка или готвење.




Како што објаснува, употребата на конзервирана риба во исхраната има бројни здравствени придобивки.




– Конзервираните сардини обично имаат помалку жива од многу други видови риби и се сметаат за еден од најдобрите избори на морска храна, особено ако свежата не ви е достапна – изјави д-р Кординг.




Кога јадеме сардини, додава д-р Кординг, внесуваме голема количина на протеини, витамин Д и антиинфламаторни омега-3 масни киселини, а маслиновото масло дава мононезаситени масти здрави за срцето.




Експертите препорачуваат две до три порции конзервирана риба неделно, измешана со тестенини или сама, а можете да ги додавате во разни салати.











