Драстично го намалува ризикот од развој на кардиоваскуларни заболувања.

Сите сме свесни дека високиот холестерол е голема опасност по здравјето и има штетно влијание врз кардиоваскуларниот систем и срцето.

Можеби не сте знаеле, но крушите се тие што ефективно го намалуваат.

Високиот холестерол го зголемува ризикот од кардиоваскуларни болести и срцев удар. Во однос на сериозноста и зачестеноста на проблемот, лекарот ќе ви препише апчиња доколку е потребно, но нивото на овие масти секако ќе се намали со промена на исхраната и начинот на живот.

Advertisement

Диететичарот и нутриционист Роб Хобсон спомна една здрава храна, која не само што го намалува нивото на холестерол во крвта, туку има и други корисни својства.

Хобсон објасни дека крушите содржат голема количина на растворливи влакна познати како пектин.

Почитуваниот нутриционист истакна и дека научниците спровеле голем број студии за пектинот, кои докажале дека тој навистина го намалува холестеролот и дека супстанцијата ја има и во јаболката и агрумите.

Покрај тоа, крушите се богати со антиоксиданси кои му помагаат на телото да се бори против слободните радикали. Во студија објавена во „Current Developments in Nutrition“, научниците исто така објаснија дека ова овошје може да го намали ризикот од развој на кардиоваскуларни болести.

Advertisement