Осмооделенецот, 14-годинишниот Амир Дестанов од Дневниот центар во Шуто Оризари,во 4-то, 5-то и 6-то одделение освојувал прво место, а годинава трето на натпреварот по математика „Кенгур“. За 1 час и 45 минути успеал да реши 30 задачи. За натпреварот се подготвувал со професорот по математика Филип од Дневниот центар.




„Имав пет години кога за првпат ги сретнав, само што дојдов со мајка ми од Велес. Дојдовме во Шуто Оризари кај брат и мајка ми, тие сакаа да ме запишат овде. Кога ми кажаа дека можам да се запишам почнав да доаѓам редовно“, вели Амир Дестанов.




И покрај лошата социјална состојба во која живее, со еден оброк на ден, тој не и подлегнува на улицата, туку сака да го продолжи образованието во средното училиште „Шаип Јусуф“ во Шуто Оризари.




-Што би сакал да бидеш кога ќе пораснеш?
„Сакам да бидам професор по математика“.
-Тоа ти е омилен предмет? „Да“.
-Што е интересното за тебе кај математиката од која некои се плашат, која па и не им е баш омилена на голем број деца?




„Не може никој да ме излаже со пари. Кога плаќам не можат да ми вратат помалку. Зошто може знам и повеќе од тебе не може да ме излаже ниако“.
Амир е само едно од 500-тина деца кои наместо да растат на улица вработените во Дневниот центар во Шуто Оризари се погрижиле да ги вклучат во образовниот систем и да добијат шанса за едукација, квалификација и вработување. Но, не само со децата , тие подеднакво работеле и со нивните родители давајќи им до знаење за потребата од образование. Но, судбината на овој Центар кој згрижува од 2006-та во континуитет е многу неизвесна, па вработените велат дека од јули може веќе и да не постои.




„Дневниот центар во момнетов е поддржан од Град Скопје, претходниот месец април беше поддржан од долгогодишниот соработник германската заедица за меѓунардона соарботка, меѓутоа до јули овој дневен центар има финансиска поддршка. Очекуваме дека Министерствто за труд и социјалан политика ќе ги поддржи активностите на Дневниот центар“, вели Ирена Велковска.




Но, соглано измените на Законот за социјална заштита , процес кој е почнат од 2019-та , еден од начините е да се лиценцира самата организација. Дневниот центар го пребродел периодот од 2019 до 2020, упатуваат апел до фондации и компании да ги поддржат активностите на Центарот. Побаравме одговор и од МТСП за тоа дали ќе го поддржи Центарот и што превзема за социјализација на децата од улица, но до сега не добивме одговор.











