Во поголем дел од земјава денеска е на сила портокалов метеоролошки аларм.

Денеска во Македонија ќе биде пеколен ден, се очекуваат летни температури и до 34 степени, а Републичкиот хидрометеоролошки завод утринава пред 5 часот издаде предупредување за временски непогоди кои треба да ја погодат нашата земја во попладне. Во поголем дел од Македонија денеска е на сила портокалов метеоролошки аларм.

-Попладнево нестабилно, понекаде со врнежи од дожд и грмежи, а можни се и краткотрајни временски непогоди: град и засилен ветер претежно во ридско-планинските предели, како и на места на север, како ретка појава – предупредуваат од РХМЗ. државите.

Температурите денеска ќе бидат како сред лето, највисоката дневна температура од 30 до 34 степени. Во поголем дел од земјава на сила е портокалов метеоролошки аларм кој вели дека времето може да биде опасно.

Advertisement

– Се предвидуваат опасни временски појави кои се со таков интензитет што можат да предизвикаат материјална штета и да бидат опасни за луѓето и животните . Треба да се биде многу внимателен, свесен за ризиците и редовно информиран за деталите за очекуваните метеоролошки услови. Следете ги советите од надлежните државни служби – објаснувањето е за портокаловиот метеоролошки аларм.

Advertisement