Во текот на 2021 година, Аманда и Сем Гринберг од Анаполис во американската сојузна држава Мериленд биле принудени трипати да ја одложуваат својата венчавка поради пандемијата, а немале среќа ниту пред дваесетина дена.

Имено, на 27 април, точно три дена пред четвртиот обид, Сем се разболел од Ковид, па Аманда на свадбата со себе ја понела неговата картонска фигура.

Тоа го открило и видеото кое пред неколку дена стана вирално на ТикТок, а несреќата на двајцата млади во меѓувреме ги заинтригирала светските медиуми.

– Првичната идеја беше да се откаже се, но немаше начин да се побара враќање на парите од хотелот во кој ја организиравме венчавката. Исто така, голем дел од гостите на свадбата потрошиле многу пари на костуми, подароци и патувања, па е донесена одлука да го направиме најдоброто што знаеме и умееме, објаснила Аманда за Yahoo Life зошто сепак се појавила во венчаницата.

Advertisement

Додала и дека сакала да го задоволи својот стар татко.

– Впрочем, татко ми е човек во години и сакав тој прв свадбен танц да го доживее со мене, рекла младата дама (32) која во салата ја придружувале браќата.

Парот на венчавката поканил 294 гости, од кои на крајот се појавиле 59, а Сем забавата ја следел преку апликацијата „FaceTime“.

– Што можевме да направиме освен да се обидеме да го извлечеме најдоброто од таа страшна ситуација? – додал младоженецот, кој говорот на таткото на невестата бил принуден да го гледа од куќата.

Инаку, Аманда и Сем легално се венчаа на 31 јануари на скромна церемонија организирана во дворот на куќата на таткото на Аманда, а свадбената веселба требало да биде круна на церемонијата. Парот има и седуммесечно бебе.

@ammiller879

#wedding #weddingcelebration #forthtimesthecharm #covid #covidsucks #makelemonade #party #letsgetloud #celebratewewill #covidbride #weddingparty #covidgothim

♬ Let’s Get Loud – Jennifer Lopez

Advertisement