Станка Куч пред педесет години, од Црна Гора доаѓа во Македонија, заљубена во нејзиниот иден сопруг и татко на нивниот единствен син. Силата на љубовта ги држи заедно долги години.

За жал и по десет години без деца, во моментот кога најмногу треба да се радуваат, денот кога синот доаѓа на свет, дознаваат дека новородениот Игор се раѓа како дете со попреченост. И покрај сите премрежја, Станка ќе биде мајка која секој би посакал да ја има. Таа ниту секунда не го остава синот сам.

– Со сопругот и покрај тоа што припаѓаме на различни вери, многу се сакавме и не дозволивме никој да ни застане на патот. Јас сум од Црна Гора и поради него дојдов во Скопје.

Тешки ни беа првите десет години од бракот. Не ме прифаќаше неговата фамилија. Живеевме под кирии со минимални средства, но успеавме. После десет години Бог се смилува и ни ги слушна молитвите. Ни го подари Игор. За жал, тој се роди со многу аномалии, и од бебе со него сум по болниците. Ниту еден ден не сум го оставила сам.

Advertisement

Се случуваше да спијам и на под, во болниците сум седела и гладна, ама детето не сум го оставила-започнува да раскажува за емисијата „Срце на дланка“, оваа напатена жена.

Денес, семејството на Станка живее тешко. Со 10000 денари месечно тие не можат да купат само лекови, па, често се задолжуваат, за да можат да преживеат. Не им помага никој. Оставени се сами на себе. Па, солзите се единствениот придружник и дење и ноќе на оваа храбра но, скршена жена и на нејзиниот син.

Доколку сакате да помогнете на ова семејство тоа може да го направите на следниот број 078/314803 или на следната жиро-сметка 0012698691.

Целата статија можете да ја прочитате на следниот линк Приказна.мк

Advertisement