Синдромот на немирни нозе, за кој веројатно не ни знаевте дека се вика така, е многу чест проблем и е најчеста причина за непроспиени ноќи и постојано фрлање и вртење во кревет.




Повеќе од 3 милиони Американци страдаат од овој синдром, кој е неизлечив. Синдромот на немирни нозе е многу непријатна состојба која се манифестира со чести грчеви во нозете кои можат да ве разбудат среде ноќ. Покрај нозете, може да бидат зафатени и главата, торзото, рацете и другите делови од телото.




Главната причина за таквиот синдром е нарушување на нервниот систем, поради што нозете се грчат и неконтролирано се движат додека спиете. Симптомите најчесто се јавуваат ноќе. Најлошиот дел е што овој синдром може да биде толку болен што ви го прави животот крајно непријатен.




Како што споменавме, самата состојба е неизлечива, но може да се ублажи со природен лек кој многу луѓе го пробале и тврдат дека навистина делува. Се што ви треба е да ставите сапун помеѓу чаршафите.




Многу луѓе имаат тенденција да го ставаат сапунот во чорап пред да го стават меѓу слоевите за да не се навлезе на постелнината. Заменете го сапунот еднаш месечно бидејќи има тенденција да се собира и да се исуши за околу 30 дена. Клучот е да го одржувате сапунот свеж цело време!











