Палентата е еден од најздравите оброци што можете да го подготвите во рок од 5 минути, а на вас зависи каков прилог ќе јадете со неа.

Италијанците ја подготвуваат највкусната палента и најчесто ја користат како подлога со која јадат зеленчук на скара или некое маринирано месо. На вас останува да направите избор:

Состојки:

  • 250 гр палента
  • 1 литар вода
  • 1/2 лажичка сол

Подготовка: Истурете вода во тавче и посолете. Кога добро ќе се загрее (но не и врие) додадете ја палентата. Мешајте цело време додека додавате и потоа убаво да се соединат состојките.

Advertisement

Кога смесата ќе стане густа и водата ќе испари, таа е готова. Истурете ја смесата во калап за леб подмачкан со масло, па покријте со проѕирна фолија и почекајте да се излади на собна температура. Потоа префрлете го во фрижидер и оставете добро да се стегне. Се сече по желба, па се пржи во добро загреано масло.

Вака подготвената палента можете да ја користите како вечера, а по желба можете да ја послужите со кефир и сирење или со зеленчук на скара. На тој начин ќе добиете нискокалоричен оброк кој брзо ќе ве засити, пишува Стил.

Advertisement