Постојат голем број на корисни ефекти од оваа намирница




Повеќето луѓе се запознаени со здравствените придобивки од медот, секое домаќинство има барем една тегла, но што ќе постигнете ако ги следите упатствата на нашите постари и навистина земате по една кафена лажичка секое утро? Имајќи предвид дека сè поголем број луѓе го исфрлаат белиот шеќер од исхраната, популарноста на медот почна да расте, пишува Б92.




Нутриционистите советуваат да го додадете во овесната каша, но и во други здрави специјалитети. Тој е идеална алтернатива на шеќерот, а е сосема природен.




Ако веќе не сте решиле да го вклучите во толкава мера во вашата исхрана, тогаш дефинитивно треба да размислувате за една кафена лажичка мед секој ден – оваа едноставна рутина има бројни придобивки за нашиот организам.




Пред се, редовното консумирање мед го зајакнува вашиот имунолошки систем, но тоа е само едно од многуте корисни ефекти на оваа храна. Еве како инаку медот може да влијае на нашето здравје:




Медот ја подобрува циркулацијата и ја зајакнува силата на срцето и го подобрува срцевиот ритам. Покрај тоа, го подобрува варењето и регенерацијата на ткивата и ја поддржува регенерацијата на крвните елементи. Медот има антибактериско дејство, го подобрува исфрлањето на токсичните материи од организмот, а делува и против стресот.











