Додека тргнал да ги земе остатоците од змијата за да ги извади, главата го каснала.

Маж од Тексас добил дури 26 дози противотров откако го каснала отсечената глава на змијата ѕвечарка што ја убил, јавува Би-би-си.

Џенифер Сатклиф изјави дека нејзиниот сопруг работел во градината кога видел змија од 1,25 метри и ја обезглавил. Додека тргнал да ги земе остатоците од змијата за да ги извади, главата го каснала. Рефлексот на каснување од змија е можен дури и неколку часа по смртта на змијата.

Сатклиф рече дека нејзиниот сопруг веднаш почнал да има напади. Набрзо бил префрлен од неговиот дом во близина на Корпус Кристи во болница каде што бил лекуван со противотров.

Advertisement

По повеќе од една недела од инцидентот, мажот е во стабилна состојба, со нарушена бубрежна функција. Лесли Бојер, докторка на „ВИПЕР институтот“ на Универзитетот во Аризона, предупреди на обиди за убивање змии.

„Тоа е исклучително сурово кон животните“, рече Бојер.

Advertisement