Eве како да го направите најдоброто тесто за пица, кое ќе биде воздушесто и меко како душа.

Сите знаеме дека тестото е всушност најдобриот и најважниот дел од пицата, а за да биде воздушесто треба да го направите со една состојка која сите ја имаме секогаш во фрижидер.

Се работи за јогурт. Со оваа состојка, вашето тесто за пица ќе биде совршено. Затоа за вас подготвивме рецепт за тесто со јогурт, а резултатот ќе ве воодушеви. Најдобро би било, доколку имате време, да го замесите тестото и да го оставите да отстои цела ноќ во фрижидер.

Состојки:

Advertisement
  • 250 мл јогурт
  • 600 гр брашно
  • 1 кесичка сув квасец
  • 100 мл масло
  • 50 мл вода
  • 1 лажичка сол
  • прстофат шеќер

Подготовка:

Во мало тенџере или бокал сипете јогурт, па загрејте го додека не стане млак. Извадете го садот од шпорет, па во садот истурете го јогуртот заедно со квасецот, шеќерот, водата и една лажица брашно. Измешајте сè и оставете го квасецот да се активира 15 минути.

Покријте го садот со крпа или алуминиумска фолија. Кога ќе нарасне квасецот, додадете го маслото и солта, измешајте, па малку по малку додадете го брашното. Месете го тестото така што ќе се одвои од ѕидовите на садот.

Тестото обликувајте го во лепче и оставете го да отстои половина час во сад покриен со крпа. После тоа тестото е готово, можете да го расукате со сукало и да ги наредите состојките за пица, пишува Thing of Taste.

Advertisement