Владата го изгради овој комплекс во шеесетите години на минатиот век
Животот во Хонг Конг е исклучително скап. Згора на тоа, според истражувањето на компанијата за финансиски консултантски услуги Мерсер, овој посебен административен регион на Кина се смета за најскапо место за живеење трета година по ред.
Панорамата на Хонг Конг е исполнета со високи облакодери и згради кои нудат станови за секој вкус и буџет. Најевтино е да се изнајми еднособен стан, чии цени во просек се движат од 1.300 до 2.300 евра.
Во областа Квари Беј, постои необична зграда со дистописки изглед , позната како „Чудовиште“, која нуди поевтино сместување.
Евтино сместување во најскапиот град во светот
Всушност не е една зграда, туку комплекс од пет монументални меѓусебно поврзани згради со 2243 станови, во кои живеат околу 10.000 жители.
Владата го изгради овој комплекс во 1960-тите, по наглото зголемување на населението, со цел да обезбеди пристапен простор за живеење на луѓето со помали примања.
Јутјуберката Ешли Ким покажа како изгледа животот во „Чудовиштето“. Минатата година живеела во стан од само 9 метри квадратни, а како што вели и не бил толку лош како што може да изгледа на прв поглед.
Во нејзиниот стан од 9 квадрати имало една соба, која била поделена на простор за спиење, работен простор, кујна и простор за складирање.
Во времето кога барала стан , во „Чудовиште“ се издавале мали станови по цени од 465 до 800 евра . Погледнете што можете да добиете за тие пари во Хонг Конг во нејзиното видео на YouTube подолу, Punkufer.











