Воодушевете го вашето семејство со фантастична торта со вкус на крем банана.
Крем банана е најпознатото чоколадо што многу луѓе сакаат да го јадат. Доколку сте и вие обожавател, ви предлагаме да направите една од најубавите и најевтините колачи. Станува збор за крем торта од банана која има сличен вкус на познатата чоколадна торта, а не е комплицирана за подготовка. Оваа торта можете да ја послужите кога има прослави, но и кога сакате само да јадете нешто слатко и вкусно.
- Состојки:
- 100 гр бисквити
- 600 гр шеќер
- 30 гр желатин
- 300 мл вода
- 1 банана
За глазура:
100 гр млечна чоколада
80 мл слатка павлака
Подготовка :
Измешајте желатин и 100 ml вода и оставете да набабри. Истурете ја преостанатата вода во тавата и додадете шеќер. Гответе додека не почне да врие, т.е. додека шеќерот не се раствори, потоа тргнете го од шпорет и додадете го желатинот кој претходно сте го раствориле на пареа. Матете додека смесата не стане густа, а потоа додадете ја изблендираната банана и продолжете со матењето додека убаво не се соединат состојките.
Бисквитот наредете го на дното на огноотпорниот сад, па прелијте го со добиената смеса. Оставете го во фрижидер да се стегне, а во меѓувреме направете ја чоколадната глазура. Растопете го млечното чоколадо со слатката павлака и прелијте го врз колачот. Вратете во фрижидер уште 10 минути.











