Луѓе кои се такви кaкви што се и такви впрочем ве прифаќаат и вас. Ова семејство не може да добие ниту социјална помош затоа што Мирослав нема лична карта. За да извади документи треба да оди во Србија, а ниту за тоа нема средства и начин-вели тој.

Како што кажува Мирослав во најавата од новата серија од емисијата на Срце на Дланка тежок живот живеам децата ме оставија и сега сум сам само со бабата таа е болна јас сум болен многу ми е тешко низ солзи ракзажува Мирослав.

Мирослав потекнува од Србија но како што самиот кажува се оженил 1977 година и дошол домазет тука во Скопско Волково.

Најголеема болка ми причинува тоа што децата ми заминаа преку ноќ не знам каде се што се, му барам пари за да си платам струја но тие секогаш ми викаат дека немаат.

Advertisement

Како што самиот Мирослав вели дека му се потребни околу 300 евра за да може да си ја заврши работата со докумрнтација да си извади лична карта од Србија и да ја заврши процедурата тука кај нас во Македонија и да дојде до пензија.

Најголем проблем ми е струјата да имам видело сакам, а за леб не се секирам толку како така некој ќе ме викне ќе му сработам нешто за 200-300 денари за лебче ќе си извадам вели Мирослав.

Advertisement