Како да се отстранат хиперпигментациските дамки.

Често, кога сме долго изложени на сонце , на лицето ни се појавуваат темни дамки, најчесто на челото, а понекогаш и над усните, кои изгледаат како траги од нечистотија. Станува збор за зголемена пигментација, односно хиперпигментација , која и најсилните домашни пилинг не можат да ја отстранат од кожата .

Сосема неочекуван „лек“ помага за овој проблем, а тоа се сувите кајсии! Ова суво овошје помага да се отстранат темните дамки од кожата, сето тоа благодарение на една хранлива материја.

Сувите кајсии содржат бета-каротин, кој кога ќе се внесе се претвора во витамин А. Овој витамин ја штити кожата од оштетување и особено помага при зголемена пигментација со отстранување на овие грди точки од лицето.

Advertisement

Лекарите истакнуваат дека концентрацијата на хранливи материи, витамини и минерали во 100 грама суви кајсии е поголема отколку во иста количина од ова овошје кога е свежо. Кога се суши, кајсијата ја губи својата влажност, па витамините се концентрирани во остатоците од пулпата.

Сувите кајсии се 80 отсто составени од лесно сварливи јаглехидрати – моно и дисахариди, па на луѓето со дијабетес не им се препорачува да ги јадат или барем да внимаваат со нив.

Advertisement