Џеси Волк е позната како кралица на трансформациите

Всушност, нејзините вештини за шминкање се толку импресивни што луѓето велат дека изгледа како сосема друга личност – со најновата гламурозна шминка таа се претвора во американска актерка Меган Фокс.

На TikTok, најновото видео на Џеси ја прикажува како целосно природна црвенокоса. Неколку моменти подоцна изгледа целосно непрепознатливо. Таа ги праша своите следбеници дали може да погодат дека е таа.

Оттогаш, објавата собра неверојатни 549.000 прегледи и беше преплавена со коментари на интернет.

Advertisement

„Меган Фокс, ти си тоа?“ праша еден корисник. Друг, исто така, забележа: „Изгледаш како Меган Фокс“, а слични коментари само продолжија да се редат.

ПОГЛЕДНЕТЕ ГО ВИДЕОТО ТУКА!

Advertisement