Суштеството се движело од надворешната страна на оградата во раните утрински часови.




Мистериозно видео од суштество кое личи на врколак ги збуни корисниците на Редит и покрена дебата за тоа што навистина се случува.




Сè започнало кога запрепастен чувар на зоолошка градина во Тексас забележал чудна крзнена фигура која наликува на куче што шета на две нозе на видеото од безбедносната камера.




Суштеството се движело од надворешната страна на оградата во раните утрински часови, а корисникот на оваа социјална мрежа закачил слика и прашал дали некој знае што е тоа.




– Гледам зашилени уши, долга муцка, нешто што личи на опашка и нешто што личи на куп крзно што му излегува од задниот дел на главата. Би рекол дека е врколак – беше еден од одговорите.




– Мислам дека е добра фотографија од потенцијален врколак… тој изгледа како да има остри долги уши, многу прави нозе со смешни стапала, испружени раце и опашка. Лицето има изглед на муцка со клапи – се согласи друг корисник.




Но, не сите се согласија дека фотографијата е доказ за хуманоидно суштество од легенди, па некои го обвинија авторот дека ја дотерал фотографијата во „Фотошоп“.




Други рекоа дека тоа може да биде некој во фенси фустан, а имаше и такви кои мислеа дека е нешто сосема обично.




– Сите грешите ако кажавте нешто освен ракун! Мојот син има слики од нив на телефонот како стојат на задните нозе и не гледаат на задниот трем. Крај на приказната! – напиша некој.
КОК Е ВАШИОТ КОМЕНТАР?

Извор/СрбијаДанас











