Ако вашата кујна или дури и вашата бања биле „нападнати“ од мравки, не грижете се. Постојат едноставни и евтини трикови како да се справите со нив, а најдобрата вест е што веројатно веќе ги имате сите состојки за тоа во вашиот дом.




Значи, еве неколку практични, стари совети кои со децении се користат во домаќинствата кога мравките „се случуваат“ и најчесто даваат резултати.




1. Измешајте еднакви количества сода бикарбона и шеќер во прав, а потоа посипете ја смесата каде и да забележите мравки. Тие треба да исчезнат за неколку дена
2. Мравките не можат да толерираат лимонска киселина, па затоа одличен начин да се ослободите од нив е да испрскате сок од лимон на рабовите на вратите, пукнатините во ѕидовите, отворите или другите места каде што се сомневате дека влегуваат.




3. Се вели дека делуваат и куркумата, мелениот цимет, пиперот… Овие зачини посипете ги таму каде што се појавуваат мравките и ќе го решите проблемот. Ако се плашите од „нередот“ што ќе го направат овие мелени зачини, можете да употребите и стапче цимет – ќе даде резултати.




4. За овој проблем може да помогне и алкохолниот оцет. Едноставно измешајте го со вода во сооднос 2:1 (во корист на оцетот), а потоа намачкајте крпа со оваа смеса. Користете крпа за да ги поминете сите површини каде што има мравки




5. Сварете половина литар вода, а потоа додадете 50 ml детергент за садови. Истурете ја оваа смеса во шише со распрскувач, а потоа испрскајте ги сите места каде што се појавуваат мравки или се сомневате дека може да се појават.











