Направете ДОМАШЕН сладолед на стапче: Го обожаваат и децата и возрасните!

Запомнете: никогаш не сте премногу „пораснати“ за да уживате во сладолед.

Повторно, ако сте го поминале времето кога е општествено прифатливо да се шетате со усни обоени во виолетова нијанса, секогаш можете да уживате во тоа слатко летно задоволство дома, или на работ од вашиот базен. Прескокнете ги сите купени варијанти на сладолед и збогатете ги вашите сетила ова лето со домашна варијанта направена од свежо овошје. Ледени, слатки и освежителни сладоледи – готови во три чекори!

Состојки за 8 до 10 сладоледи:

Advertisement
  • 4 шолји свежо овошје по избор – праски, малини, боровинки
  • свежо исцеден сок од еден лимон
  • ¼ шолји сируп од агава

Подготовка:

Сите состојки се ставаат во блендер и се мешаат да се добие еднолична смеса. Ако ви се чини дека е премногу густ, додадете една лажица вода. Потребна ви е мазна смеса која лесно се прелива.

Потоа добиената смеса истурете ја во подготвените калапи за сладолед. Наполнете до четвртина, па ставете дрвен стап во средината и наполнете до раб. Префрлете ги калапите во замрзнувач.

Оставете таму најмалку 2 часа, а идеално е преку ноќ. Надворешната страна на калапот ставете ја под топла вода за полесно да го извадите сладоледот. Вака подготвениот сладолед можете да го чувате во замрзнувач до две недели.

Advertisement