Професорката Мирјана Најчевска се огласи за случајот со Ламбе Алабаковски, осомничен за потпалување на клубот „Ванчо Михајлов“ во Битола.

„Ламбе не е Херој. Ни дисидент. Не е ни пироман (новинари дај прочитајте дефиниција за пироман) или терорист.

Ламбе е најобичен вандал. Ама тие кои дозволија отворање на клуб со име „Ванчо Михајлов“ во Битола се криминалци. Како и оние кои го направија „Скопје 2014“. Различни, а исти“, пишува Најчевска на Фејсбук.

Алабаковски вчера доби осумдневен притвор, а во негова поддршка денеска беше организиран протест за поддршка во Битола.

Advertisement
Advertisement