Канаѓанецот Џон и неговата Русинка Ева поминале 911 дена меѓу 2015 и 2018 година патувајќи низ светот. Тие патувале низ 33 различни земји, а во текот на целото патување Џон воопшто не се избричил.

По враќањето реши целосно да ја тргне брадата и да ја изненади сопругата, чија бесценета реакција ја сними, а која стана хит на социјалните мрежи. Видеото го објави на својот Јутјуб канал на почетокот на септември минатата година, а досега има собрано повеќе од 3,6 милиони прегледи, пишува „ Индекс.хр “.

Пред неколку дена видеото повторно стана вирално откако на Фејсбук го објави TheLadBible, а зошто воодушеви многумина, погледнете погоре.

Една недела пред да ја објави реакцијата на жената, Рон објави и тајмлапс од растење на брадата на YouTube, а тоа видео го погледнале повеќе од 33 милиони луѓе.

Advertisement

Advertisement