По чудотворниот настан зазвонивме, запеавме тропар и кондак, вели свештенството.




Видовден е еден од најголемите христијански празници, но и многу важен датум за српската историја. И токму на овој датум во црквата Св. Петка




– На големиот христијански празник Видовдан сите што бевме во храмот видовме дека во еден момент иконата на Света Петка заблеска со Таворова светлина и веднаш почна изобилно да тече. Мирото течеше низ иконата, а мирисот го исполни светиот храм. Заѕвонивме, пеевме тропар и кондак. Нејзината љубов и милост нека се излеат на сите кои доаѓаат и ѝ се молат! Слава на Бога за сите – велат од овој храм.




Инаку, светото миро е густа и масна течност за која се смета дека тече од коските и од нераспадливото тело на светителот или неговата икона.




Оние кои присуствуваа на овој настан тврдат дека чувството е неописливо. Дека течноста има пријатен мирис и делува смирувачки.




Се верува дека мирото настанува кога светецот, кој е секогаш присутен, ќе се задоволи и ќе се обиде да ја истакне својата добра волја.











