По оваа елиминација нема да може да го брка „календарскиот слем“




Шпанскиот тенисер Рафаел Надал свика вонредна прес-конференција поради неговата одлука да се повлече од Вимблдон .




Причината е тешка повреда на стомачниот мускул, а Надал реши да свика вонредна прес-конференција и за се да ја информира јавноста.
„Добро вечер на сите, морам да се повлечам од Вимблдон. Како што видовте вчера имав силни болки во стомакот и се потврди дека сум скинал мускул. Очигледно состојбата на оваа повреда ќе се влошува со текот на времето, така што не е паметно да играм. Не само што не можам да служам, туку и тешко ми е да се движам. Од самопочит, не сакам да излегувам таму и да бидам неспособен. Среќата и здравјето ми се поважни од кој било турнир“, изјави Надал.




Не верува дека се работи за повреда која долго ќе го оддалечи од теренот.
„Ќе можам да играм, можеби не сега, но за околу една недела ќе можам да ја удрам топката од основната линија. На некој начин тоа е позитивна работа… Овој случај не е како повреда на стапалото, тука морам да внимавам работите да не се влошат“, вели шпанскиот тенисер.




По оваа елиминација тој нема да може да го брка „календарскиот слем“, односно шампионската титула во сите 4 големи натпреварувања.
„Никогаш не ни размислував за тоа, се фокусирав само на секојдневните задачи, играм онака како што се чувствувам. Немав многу проблеми во Австралија, но кога се вратив беше друга приказна. Ролан Гарос бараше и психички и физички, но после тоа повторно стана подобро. Како што кажав, беше тешко на Ролан Гарос, но тоа е многу важен турнир за мене и направив се што е во моја моќ за да ја освојам титулата. Тука стигнав до полуфиналето и одиграв многу добро, особено кога по слабиот старт ја подигнав мојата игра на многу повисоко ниво“.




Кога настанала повредата?
„Само минатата недела имав проблеми во пределот на стомакот, но успеав да ја контролирам ситуацијата. Вчера беше најлошо. Сепак, во текот на целата недела правев тестови за да видам како се одвиваат работите и една мала работа брзо се претвори во голема работа. Тоа е работата, за само неколку дена…




МИСЛАМ дека целосно ќе исчезне за три до четири недели, тоа е нормално за вакви повреди. И се надевам дека после тоа ќе можам да продолжам со свое темпо“











