Крцкави однадвор, а сочни одвнатре – вистинска пролетна гозба.
Пролетните ролнички не се резервирани само за кинеските ресторани. Со неколку состојки и малку умешност, можете да ги подготвите и дома.
Крцкави однадвор, сочни одвнатре и преполни со вкус, идеални се за семејни собири, вечери со пријатели или едноставно уживање во кинеската кујна.
Време на подготовка:
Advertisement
- 25 минути
Состојки:
- 1 лажица масло
- 2 моркови
- 140 г свежа зелка
- 1/2 црвена пиперка
- 140 г грав (од конзерва)
- 2 чешниња лук
- 4 лажици светол соја сос
- 1/4 лажичка бел бибер
- 2 лажички пченкарно брашно
- 2 лажици ладна вода
- 10 кори за ролнички (оризова хартија или обични кори за пита)
Подготовка:
- Загрејте масло во длабока тава (обично или сусамово), па додадете рендан морков, рендана зелка и пиперка исечена на ленти. Кога ќе омекнат, додадете го гравот и ситно сечканиот лук. Промешајте, па додајте соја сос и бел бибер, па повторно измешајте.
- Измешајте ги брашното и водата така што нема да има грутчиња, па додајте ја смесата во зеленчукот и промешајте. Префрлете го филот во сад и оставете да се излади.
- Намокрете ја секоја кора за ролнички. Земете ја првата и свртете ја така што една од четирите страни да биде свртена кон вас. Ставете фил и малку завиткајте, потоа преклопете ги двете странични страни и продолжете со виткање. Кога ќе стигнете до последната страна, намокрете ја со вода за подобро да се залепи.
- На истиот начин направете ги и останатите пролетни ролнички. Пржете ги во тава со добро загреано масло додека не добијат златна боја.
Advertisement











