Ефтин трик кој мора да го знаете.




Доколку сакате вашите плакари и соби секогаш да мирисаат пријатно, се што ви треба е стаклена тегла, ориз и неколку капки есенцијално масло.




Оризот совршено ги впива мирисите на есенцијалното масло, така што ќе го задржи мирисот на вашата гардероба неколку месеци.
Тоа е подобар избор од освежувачите за воздух купени во продавница бидејќи не содржи никакви хемикалии.




Можете да изберете масло од кој било мирис.
Маслото од маточина е најефикасно ако сакате да ги елиминирате непријатните ароми.




Се прави со полнење на тегла со ориз, додавајќи 10 до 20 капки есенцијално масло. Покријте и добро протресете за рамномерно да се распореди маслото.




Отстранете го капакот, покријте ја теглата со газа и прицврстете ја со гумена лента. Кога ќе забележите дека интензитетот на мирисот е намален, само протресете ја теглата или додадете неколку капки масло.




Освен за гардероби, можете да го користите и како освежувач на просторијата.











