Третманот на хипертензија многу зависи од положбата во која спиете.

Лошиот сон и високиот крвен притисок се поврзани. Квалитетниот ноќен одмор е најважниот аспект во превенцијата и лекувањето на хипертензијата, а лекарите открија дека многу зависи од положбата во која спиете.

Кардиологот Трупти Гилада вели дека луѓето кои страдаат од висок крвен притисок треба да спијат 6-8 часа навечер во добро проветрена, тивка просторија. Тие исто така треба да избегнуваат кофеин или алкохол доцна во денот, дигитална светлина, дневни дремки и стрес.

„ Спиењето на левата страна е најдобрата положба за лице кое боледува од хипертензија , бидејќи тоа го ублажува прекумерниот притисок врз крвните садови, што и помага на крвта полесно и со помал отпор да ја заврши својата циркулација“, вели докторот.

Advertisement

Спиењето на левата страна е особено важно за трудниците со хипертензија. Растечкото бебе врши притисок врз внатрешните органи и може да предизвика проблеми со циркулацијата. Факт е дека крвта, кога циркулира низ телото, на крајот се враќа во срцето на десната страна. И кога спиете на десната страна, вршите притисок врз крвните садови одговорни за транспорт на крв до срцето .

Д-р Ракеш Рајпурот потврдува дека лошиот сон и високиот крвен притисок се меѓусебно поврзани.

„Недостатокот или лошиот сон го зголемуваат ризикот од срцеви заболувања. Погрижете се да се одморите добро ноќе бидејќи тоа е важно за одржување на оптимално здравје на срцето “ .

Според лекарите, спиењето на левата страна е најдобрата положба за висок крвен притисок, бидејќи го намалува притисокот врз крвните садови кои ја враќаат крвта во срцето. Овие садови се наоѓаат на десната страна од телото и циркулацијата може да се забави ако спиете на десната страна долго време.

Статиите на нашиот портал служат ИСКЛУЧИВО ЗА ВАШЕ ИНФОРМИРАЊЕ, за било каков здравствен проблем ЗАДОЛЖИТЕЛНО ДА СЕ КОНСУЛТИРАТЕ СО ДОКТОР!

Advertisement