Полн е со витамини, а се подготвува за 30 минути: Вкусен оброк од спанаќ кој ќе ве воодушеви поради вкусот
За само половина час подгответе ручек кој ќе го воодушеви вашето семејство, кој освен што е превкусен, ќе ги освои поради мирисот.




- Состојки:
- 400 гр. спанаќ
- 2 чешниња лук
- 1 лажица брашно
- путер
- маслиново масло
- 1 шолја млеко




Подготовка:
Прво треба малку да го измиете спанаќот, а потоа да го подготвите за варење. Потребно е спанаќот малку да омекне, а потоа да се процеди.




Потоа загрејте ја тавата и додадете го путерот да се растопи, а потоа и малку маслиново масло да се загрее. Потоа истурете го брашното во загреаните состојки.
Промешајте, па додадете ситно сечкан лук. Сега е време да го додадете спанаќот што претходно сте го свариле и сте го исцедиле.




Сите состојки се мешаат додека не се соединат, па се додава млекото и се динста уште 10-15 минути, па се трга од оган и се остава малку да се излади.




На здравје!











