Во наредните 10 дена има услови за појава на топлотен бран, со максимални дневни температури кои ќе бидат во домен на опасна појава, пренесува Информер.




Републичкиот хидрометеоролошки завод издаде предупредување за високи температури и најави дека последната деценија од јули во Македонија ќе биде многу топла.




Максималната температура во среда ќе се движи од 32 до 35 степени, во четврток и петок од 34 до 37, а во сабота, кој ќе биде најтопол ден, локално до 40 степени.




Од недела до вторник се очекува благ пад на температурата до вредности од 33 до 35 степени, а потоа повторно потопло.




Според најавите на Управата за хидрометеролошки работи, утре, поголем дел од државата ќе биде и понатаму многу топло, а Осоговско-малешевскиот и Охридско-преспанскиот регион ќе биде ОСОБЕНО ТОПЛО.




Во овие региони температурите ќе бидат од 36 степени и се повисоки од вообичаените за овој период од годината за овие региони.




Лекарите повторно апелираа, граѓаните да се придржуваат до препораките. Да јадат здрава храна, да пијат течности, да носат лесна облека, да не излегуваат од 11 до 18 часот без потреба, а хронично болните да ја земаат терапијата на време.











