Сакам луѓето да знаат дека вакво нешто може да му се случи на секого. Јас не сум пушач, не припаѓам на некоја ризична група, ниту пак некој од моето семејство има проблеми со срцето

„Почувствував страшна вртоглавица, толку силна што не можев да фатам воздух. Кога почнав да се сопнувам низ собата и почувствував многу мачнина, му се јавив на сопругот“, раскажува Никол.

Мајката на две деца го доживеала првиот срцев удар кога имала 38 години. Две години подоцна истото сценарио се повтори, а во својата исповед истакнува дека симптомите ги почувствувала уште пред години. Никол од Мелбурн открива дека денови пред големиот ден почувствувала вртоглавица и чудни топли бранови.

Сè почнало да се влошува една вечер, кога ги заспала децата. Симптомите наеднаш се засилиле.

Advertisement

„Почувствував страшна вртоглавица, толку силна што не можев да фатам воздух. Кога почнав да се сопнувам низ собата и почувствував многу мачнина, му се јавив на сопругот“, раскажува Никол.

Чувствувала силна болка во вилицата, а нејзиниот сопруг потоа повикал брза помош. Според неа, во тој момент знаела дека нешто сериозно се случува, иако симптомите не ги поврзувала со срцев удар. Ниту лекарите кои излегле на терен не ги препознале споменатите симптоми.

„Ми рекоа дека најверојатно се работи за гастроентеролошки проблеми и дека најдобро би било да отидам во болница на преглед. Направија ЕКГ и веднаш забележав на нивните лица дека нешто не е во ред. Знаев дека ништо добро не ми се случува“, изјави таа.

Никол била однесена на итна операција, а лекарите откриле дека дури 80 отсто од десната коронарна артерија е блокирана. Потоа и вградиле четири стента, но две години подоцна, во пресрет на нејзиниот 40-ти роденден, се случило истото. Никол имаше срцев удар и овој пат имаше 95 отсто блокада на истата артерија. Нејзе и бил вграден уште еден стент.

Никол ја објасни разликата помеѓу првиот и вториот срцев удар

„Вториот беше опишан како почетен инфаркт бидејќи овој пат успеав навреме да реагирам. Тоа е застрашувачко. Се сеќавам дека во една прилика моите деца гледаа како лекарите ме изнесуваат од станот на носилки. Се обидувам да им дадам до знаење на моето семејство што се случува со мене, да не се грижат премногу и секогаш им велам дека на мама ќе биде добро. Дури ги научив како да користат апарати за притисок и да знаат кога и како да се јават во итната помош“, вели Никол и додава:

„Гледајќи наназад, дури сега сфаќам дека почувствував многу симптоми години пред срцевиот удар. Едноставно не ги гледав како нешто сериозно. Еден од тие симптоми бил хроничен замор. Мислев дека доаѓа бидејќи бев исцрпена, не верував дека тоа е знак за поопасен проблем“, рече таа.

„Сакам луѓето да знаат дека вакво нешто може секому да му се случи. Јас не сум пушач, не припаѓам на некоја ризична група, ниту пак некој од моето семејство има проблеми со срцето. Во случај на некој сомнителен симптом реагирајте на време и не случајно го игнорирајте, тоа може да ви го спаси животот“.

Advertisement