Доколку го сакате тестото во сите облици, тогаш овој рецепт ќе ве воодушеви.




Едноставен е и сите состојки сигурно веќе ги имате во кујната, а невозможно е да му одолеете, па ве советуваме да си направите дупла мера.




Станува збор за грчките крофни кои се нарекуваат лукумадес, а на нивниот вкус многумина кога ќе појдат во Грција не можат да му одолеат.




Потребни состојки:
За крофни:
- 1 шолја (240 милилитри) млака вода;
- ½ шолја млако бадемово млеко (може да искористите и обично кравјо млеко);
- 2 шолји бело брашно;
- 1 ќесичка сув квасец;
- Прстофат сол;
- 1 лажица масло за јадење + масло за пржење.
За сервирање:




Шеќер, мед цимет, јаткасти плодови (сечкани или мелени), шеќер во прав.
Подготовка:
Измешајте ги сувите состојки, вклучувајќи го и квасецот. Потоа додадете ја млаката вода и млекото и добро помешајте ги состојките додека не добиете течна смеса налик на тесто за палачинки.




Покријте го тестото со фолија и оставете еден час да отстои.
Кога тестото ќе биде готово, во подлабок сад ставете масло за јадење и загрејте го. Кога маслото добро ќе се загрее, во него ставете по една лажичка од смесата.




Пржете по околу четири крофнички одеднаш додека не заруменат, а потоа ставајте ги на хартија за да се процедат од маснотијата.




Крофните прелијте ги со мед, цимет и мелени јаткасти плодови или пак со шеќер во прав.











