Претседателот Александар Вучиќ денеска изјави дека Србија е заинтересирана да организира средба меѓу рускиот лидер Владимир Путин и новиот американски претседател Доналд Трамп!
– Ќе разговараме со луѓе од администрацијата на Трамп. Никогаш не сум се туркал во светски проблеми, но Србија е заинтересирана да биде местото на средба меѓу претседателот на Русија и претседателот на Америка.
Ние сме целосно подготвени да ја гарантираме безбедноста на двајцата претседатели. Трамп одлучи да ги промени работите во светот – рече Вучиќ во гостувањето во Националниот дневник на ТВ Пинк.
Advertisement











