Многу психолози истакнуваат дека улогата на мајката има најголемо влијание врз иднината на детето, повеќе од која било друга личност во околината.




Психолозите и другите истражувачи дошле до заклучок дека врската помеѓу мајката и детето е клучна за развојот од првите месеци од животот.




Познатиот германски психотерапевт Берт Хелингер тврди дека улогата на мајката има најголемо влијание врз иднината на детето, повеќе од која било друга личност во околината. Тој детално објасни зошто е важен односот со мајката и како тоа влијае на нас во текот на нашите животи.




„Мајчината љубов е основата на секој успех. Веројатно нема поголема задача во животот од градење добра основа со мајка.
За многумина, односот со мајка им останува трнлив во текот на нивниот живот, а за жал многумина не сфаќаат дека добриот однос со мајка им е основата на нивниот успех, без разлика дали е тоа во работата или односите со другите луѓе. Неблагодарноста и лошиот однос кон нашата мајка може да остави лоши последици за нас.




Кога ќе изградиме љубов и мир со нашата мајка во нашите срца, тогаш добиваме изобилство на живот. Иако сфатив колку е важен добар однос со мајка ми, не секогаш успевав да воспоставам хармонија со неа. Но, не е важно каква мајка има некој, многу работи зависат од детето.




Вашиот пристап кон неа, вашите чувства кон неа, отфрлање или огорченост – сето тоа се изговори да не ја прифатите мајка ви таква каква што е и да го оправдате лошиот однос со неа. Се додека детето ја отфрла мајка си, го отфрла животот, професијата и успехот.




Кога детето добро се однесува со својата мајка и ужива да биде со неа, тогаш животот му го враќа истото. Ако со задоволство го прифатиме она што ни го дава мајката, тогаш животот ќе ни врати со иста мера. Оној што се однесува одбивно кон мајка си, се однесува одбивно и кон животот и среќата.




И конечно, кога мајка ти ќе се оддалечи од тебе, поради твојата резервираност и неподготвеност – тогаш среќата и успехот се оддалечуваат од тебе. Секое долгорочно отсуство од мајката создава длабоки промени кај нас и нашето однесување“, вели психотерапевтот Берт Хелингер.











