Меленото месо е незаменлив дел од секојдневните јадења кои ги подготвуваме. Искористете го максимумот, но избегнувајте неколку грешки.

Коментари

1. Не замрзнувајте го месото во оригиналното пакување

Комерцијалното пакување е премногу тенко за да го заштити месото од екстремно ниски температури. Наместо тоа, ставете го месото во алуминиумска фолија и дури потоа ставете го во подебела најлонска кеса и оставете го во замрзнувач.

Advertisement

2. Не го одмрзнувајте во микробранова печка

Микробрановата печка ќе почне да го готви површинскиот слој на меленото месо и да го стврднува пред масата целосно да се одмрзне. Не правете го ова, туку одмрзнете го месото природно.

3. Не го додавајте во ладна тава

Максимален вкус и карамелизирање на месото ќе постигнете ако одмрзнатото месо го ставите во врела тава во која сте додале лажица масло или путер. Не го ставајте во ладна тава бидејќи ќе се залепи на дното и ќе добие непријатна сива боја.

4. Исцедете го вишокот вода

Меленото месо за време на динстањето ослободува вишок вода, која испарува како резултат на долготрајна термичка обработка. Можете да ја исцедите оваа вода додека готвите, особено ако следите рецепт и сте загрижени за тоа колку течност треба да додадете за да подготвите одреден сос или јадење, вели Cookbook.

5. Не го плакнете пред или по готвењето

Плакнењето на месото пред готвење не ги отстранува бактериите од неговата површина, додека плакнењето по термичка обработка го отстранува целиот вкус.

Advertisement